Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со обидите да спечалат некој политички поен на несреќата во Тетово и потврдуваат дека не го знаат Уставот, Деловникот за работата на Собранието, ниту законите.
Колку и да се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Александар Николоски да манипулираат со јавноста, владата предводена од СДСМ постапува според Уставот и доследно ги почитува законите.
Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши времето кога политиката беше над правото, кога пресуди се диктираа по телефон, а институциите се злоупотребуваа. ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да го оценува работењето на министерот за здравство, Венко Филипче, кое го саботираше во секоја можна прилика.
Не може да се заборави како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници. Граѓаните знаат дека недозволивата политизација на трагедијата и неодговорното однесување на опозицијата само потврдуваат колку е голем очајот и безидејноста во Белата палата.