Тетовската полиција приведе неколкумина поради учество во настаните во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.
Член на претседателството на Алијанса на Албанците, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ бил забележан како го пробива кордонот на протестите во Тетово. Исто така повик за членството и симпатизерите на оваа партија да присуствуваат на протестите упатил и Арбен Зекири, шеф на ПР службата на оваа партија.
Од Алијанса за Албанците иако се оградуваат од организацијата на протестот и велат присуството на нивни членови и симпатизери бил чин на граѓанска свест и одговорност, сепак впечатокот во јавноста е дека партијата на Зијадин Села е длабоко навлезена во протестите, па како да е извршител на ВМРО ДПМНЕ.
Тоа е добро позната реторика на Алијанса на Албаниците, да негираат се што се случува и да работат позади “завеса” исто како што нивниот лидер Села заборави на своето крваво лице во бесознание за време на инцидентите во Собранието на 27 Април и сега на своите поддржувачи и симпатизери им порачува да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, на 17 октомври како нивни коалициони партнери. Колку и да се правда за оваа политичка волја за власт не може да го избрише фактот дека Христијан Мицкоски не беше во собранието, меѓутоа беше пред собранието како дел од протестите на „Заедничка Македонија“.