fbpx

Уште еднаш потврдено: СДСМ во водство пред ВМРО ДПМНЕ во анкетата на “Стратум”

Facebook
Twitter
LinkedIn

Анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

На прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда?За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.

И според податоците од последната анкета на реномираната „Брима“ водството на СДСМ и претседателот на партијата Зоран Заев, е неприкосновено. Поддршката за Заев и политиките на Владата преводена од СДСМ расте од ден на ден и извесна е нивната победа на престојните локални избори.

Сите анкети спроведени во последните месеци од релевантни институти и организации ја потврдуваат високата доверба на граѓаните во премиерот Зоран Заев и во Владата предводена од СДСМ. Со тоа се потврдува дека СДСМ и коалицијата се главни фаворити на престојните локални избори.

Анкетите на релевантните Брима, ИРИ и ИФЕС потврдуваат дека граѓаните, не само што имаат најголема доверба во Заев и СДСМ, туку поддршката на политиките на Владата на Заев расте со секоја нова анкета. Тоа се гледа и од анкетата на НДИ.

Последни вести