Изборните трибини на СДСМ, на кои се преставуваат кандидатите за градоначалници и за советници, наидуваат на масовна посетеност од страна на граѓаните. Двата каравана на партијата се секојдневно на терен и ги посетуваат сите општини. Првата недела од кампањата поминува во знак на најавите на новите локални проекти, но и во потсетување на сето она што Владата и локалната самоуправа под раководство на СДСМ има остварено во изминатите четири години. За издвојување се седумте илјади проекти кои се реализирани, но уште илјадници се најавуваат, во делот на инфраструктурата, енергетиката, животната средина, културата, спортот…
Едниот караван на СДСМ го предводи претседателот Зоран Заев, додека другиот е предводен од другите високи партиски функционери, голем дел од нив министри во Владата. Со оглед дека политиките за развој во последните години се препознаени од граѓаните, многу реални стануваат сите проекти кои СДСМ ги планира за следните четири години на локално ниво. На изборните трибини владините преставници ги забележуваат успесите како зголемените плати во здравството, во образованието, во судството, во градинките, зголемените пензии за кои е највено дека од први јануари одново ќе се покачат, за зголемените социјални трансфери, за шесте пакети антикризни мерки со кои се спасија десетици илјади работни места, за субвенционирање на секој можен сектор, милионските странски и домашни инвестиции…
За локалниот развој исклучително важни се и членството во НАТО, успешно завршениот попис, успешниот тек на имунизацијата, позитивните пораки кои стигаат од Брисел дека Северна Македонија мора да ги започне преговорите за членство… Не изостануваат ниту реформите кои се спроведуваат, во судството, во образованието, во здрвството, во инспекторатите, како и успешните политики во борбата против корупцијата. Сето ова, но и ако се имаат предвид предизборните анкети, како и предложените кандидати, тогаш несомнено СДСМ и коалицијата ќе освојат поголем број општини на претстојните локални избори.