Со договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари за Северна Македонија, се предвидува овие средства да се доделат во следните четири до пет години.
Ќе се инвестира во проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата.
Ова е нова потврда на стратешкото пријателство помеѓу двете држави, но и потврда дека новата администрација на Џо Бајден има намера да ги зацврсти демократските процеси во државава.