fbpx

Околу 250 милиони евра европски пари на располагање на македонското земјоделие

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со ИПАРД 3 Програмата чија временска рамка е од 2021 – 2027 година, во македонското земјоделство ќе влезат инвестиции од 250 милиони евра. Една од поздравените мерки во програмата според производителите, е авансното финансирање од 50 отсто од повратот на инвестицијата за која се аплицира. Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра.

„Вредноста на ИПАРД 3 програмата, која треба да се усвои до крајот на годинава, се проценува на околу 97 милиони евра од европските фондови, кои заедно со средствата од националниот дел стануваат околу 125 милиони евра. Ако се знае дека ова е 50 проценти од вкупната инвестиција што влегува преку проектите опфатени со ИПАРД програмите, може да се заклучи дека во македонското земјоделство се очекува да се инвестираат околу 250 милиони евра во наредниот период“, изјави раководителот на Телото за управување со ИПАРД во Министерството за земјоделство, Живко Брајковски.

Дел од новините во ИПАРД 3 програмата се воведување на нова категорија корисници „здружено правно лице“, зголемување на праговите за минимални инвестиции, зголемување на минималниот износ за набавка.

Последни вести