fbpx

Левица правеше циркус на прославата на 11 Октомври на Могила, никој од присутните не им обрна внимание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Стигна уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица целосно идеолошки се поклопуваат. Блокади, кочници, скандализирање, деструктивно однесување се нивен заштитен знак.

Членови на политичката партија Левица со циркус се обидоа да испровоцираат инцидент за време на одебележувањето на 80 годишниот јубилеј на 11 Октомври – Денот на народното востание на меморијалниот компелкс „Могила на непобедените“ во Прилеп.

Десетина партиски активисти на оваа партија застанаа пред споменикот и го попречуваа патот на државните делегации и останатите граѓани кои пристигнаа во Могила да положат цвеќе и оддадат почит на народните херои по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, но не добија поддршка од насобраните граѓани кои дојдоа да оддадат почит на жртвите од фашизмот.

Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принедени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.

Никој од присутните граѓани и државни делегации не им обрнаа поголемо внимание на провокаторите кои за политички цели кои окупираа простор посветен на хероите на оваа земја. Со таквиот однос на граѓаните се потврди дека времето на окупација е поминато и дека никој повеќе не посакува режим и владеење со фашистички методи.

Последни вести