Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инаку со потврда на Брисел прогласен за дистрибутер на лажни вести, во кампањата за локалните избори не престанува да шири лаги и манипулации. Последната во низата е дека Владата на Романија дала оставка затоа што таму се случиле пожари низ болниците, па се обидува да направи споредба дека во Северна Македонија Владата не паднала иако имало пожар во тетовската болница. Но, вистината од Букурушет е сосема поинаква. Таму Владата падна затоа што имаше политичка криза, и во самата владејачка партија и во владината коалиција.
Сите романски медиуми и политички преставници во јавноста пласираат информации кои потврдуваат дека крахот на Владата е политички мотивиран и дека несогласувањата во партиите се причина за политичката нестабилност во таа држава. Единствено само Мицкоски најде причина во пожарите и таквата лага ја шири на партиските митинзи.
Во ист манир настапува и кандидатката за Скопје, Даниела Арсовска. Во нејзините промо спотови и настапи ветува и зборува проекти кои администрацијата на актуелниот градоначалник Петре Шилегов одамна ги има реализирано или се во фаза на реализација. Таа ветува велосипедски патеки, субвенции за велосипеди и тротинети, нови зелени површини, почист воздух, сето она што одамна е на агендата на Шилегов и кое во голем дел е реализирано. Арсовска одржа и прес конференција на терен за да покаже дека наводно велосипедските патеки во Скопје се непроодни, но за време на нејзината изјава во позадина по велосипедската патека поминуваа велосипедисти со што се потврди дека и нејзината кампања се темели на лажни вести.