Филипче: Удар врз слободата на говор, Власта носи резолуции против опозицијата и контролира медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, денеска предупреди на сериозен и опасен тренд на ограничување на слободата на говор и демократските стандарди во државата, посочувајќи дека актуелната власт системски ја гуши демократијата, носи Резолуции против опозицијата и воспоставува контрола врз медиумскиот простор.

Филипче истакна дека огромен процент од медиумите во земјата како телевизии, портали и други информативни канали се во директна или индиректна сопственост на лица блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што се Петар Шатц и Адрија Медија група. Станува збор за медиуми кои со години наназад промовираат антиевропски ставови и отворено ги поддржуваат политиките на оваа власт.

„Контролата на медиумите, носењето резолуции со кои се замолчува опозицијата и се ограничува слободата на говор, неспроведувањето на реформите и целосниот застој на уставните измени, се јасен сигнал дека оваа власт не е искрено посветена на европскиот пат. Огромен процент од медиумите тука, телевизии, портали итн, практично се во директна сопственост на луѓе блиски на премиерот Орбан од Унгарија, господинот Петар Шатц, Адрија медија група итн. Тоа се медиуми кои промовираат антиевропски ставови, не сега, со години наназад и ги поддржуваат политиките на оваа влада“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека дополнителна загриженост предизвикува неспроведувањето на реформите, неправењето некаков чекор за приближување на Европската унија, сомнителниот капитал кој доаѓа од други земји, флертувањето и отворената соработка со структури блиски до рускиот претседател Владимир Путин, како и политичкото и медиумското влијание на луѓе блиски до Орбан.

„Сите овие појави заедно сериозно го отвораат прашањето дали оваа влада воопшто сака да направи чекор кон Европската Унија. Јас мислам дека не, порача претседателот Филипче од седмата Седница на Национален совет за евроинтеграци.