Филипче: Гледаме антиевропски манири наместо реформи, власта ја турка државата во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Националниот Совет

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница на Националниот совет за евроинтеграции, изрази загриженост за состојбата во која се наоѓа Македонија и немањето прогрес на евроинтеграцискиот процес. Филипче на седницата изрази загриженост и за како што кажа аниевропските манири на власта во изминатиот речиси половина мандатат на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири. Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи не ја спомнува Северна Македонија се осврнува на Босна и Херцеговина“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта во однос на европскиот пат, нема завршена ниту една домашна задача.

„Никаква задача домашна не ја завршена, не сме го зајакнале системот не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на Европската Унија. На неколку нивоа сметам дека е проблемот, прво немањето политичка волја да се спроведат Уставните измени којшто се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите, да се отворат кластерите. Покрај најавите на владата дека нешто ќе се репреговара ќе се менува, очигледно дека тоа не се случува“, рече Филипче.

Во обраќањето на седницата, Филипче посочи дека нема напредок ниту во спроведувањето на реформската агенда.

„Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако.Од законите коишто требаше да се донесат лани се донесе само еден, набрзина еден од 12, којшто не беше целосно имплементација на препораките на Оценската мисија. Тоа се законот од областа на правосудството конкретно Законот за судскиот совет, само парцијално имплементација на тие препораки. Повторно еден обид да нешто се прикаже дека се работи, а во суштина ништо од тоа не е сработено“, нагласи Филипче.