fbpx

Костовски: За опозицијата во Собранието проблем е неселективноста и професионалноста на полицијата раководена од Спасовски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитуван колега Исмаили морам да признаам дека оваа интерпелација поднесена од Алијанса на Албанците и Алтернатива а поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на прв впечаток е според мене евтин политички трик со тенденција а напад и лична дискредитација за човек којшто од ден во ден апси и става во затвор криминалец по криминалец.

За илустрација на вашата интерпелација е случајот Таргет-Тврдина и главниот актер во неа, Сашо Мијалков кој е осуден на 12 години затвор а за случајот Трезор овој месец доби казна уште 8 години затвор, до правосилноста на оваа пресуда тој е во Шутка. Големиот криминалец, големиот Сашо, големиот водач на една опозициона партија е во затвор. Инсинуираа и правеа се пред јавноста дека е во некаква спрега и договор со Зоран Заев за да го бутне Мицкоски па кога Оливер го уапси сето тоа падна во вода.

Јас знам дека опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тука вас ве исклучувам дека најдобриот период за нив беше 2006-2016 година кога еден човек и една партија беа и кадија и судија и знам дека денеска очекував дека ќе прават ваков театар се со цел да не можат да ги соочат аргументите и фактите. Последните неколку акции којшто се спроведени од страна на МВР на чело со Оливер Спасовски и нашите партнери од меѓународната заедница потврдуваат дека воопшто опозицијата не внимаваше со фактите, аргументите во делот на давањето на информациите дали тие постапки ќе се саботираат или ќе се нарушат.

Почитуван колега Исмаили успешното работење на Оливер Спасовски е препознаено и од страна на граѓаните и од страна на јавноста. За потврда на она што го зборувам ќе истакнам само неколку информации за работата на МВР. Во првите три месеци од 2020 година Мвр има заплена на дрога во износ од само 14 килограми кога беше кадар на Мицкоски . Во првите 3 месеци од 2021 година под раководство на Оливер Спасовски има заплена на 585 килограми дрога. За 9,5 проценти е намален вкупниот криминалитет во државата , за 30 проценти се намалени кражбите, за 37,5 проценти намалени се измамите.

Почитуван колега Исмаили денес МВР работи независно, професионално и неселиктивно во држување на безбедноста. Полицијата веќе не е инструмент на еден човек и една партија туку вистински сервис на граѓаните, заштитник и пријател на граѓаните.

За крај почитуван колега и колеги којшто сте во салата поднесувачи на интерпелацијата и поддржувачи којшто пиете кафе во вашите канцеларии сакам да ве прашам дали вашиот проблем е што полицијата апси нарко дилери, разбојници и секаков вид на криминалци? Дали вашиот проблем е што се апсат припадници на полицијата доколку се утврди дека некој го прекршил законот? Дали вашиот проблем е опремена полиција со повисоки плати? Дали е проблем што од институција со руинирана доверба сега се позиционира во институција со голема доверба?

Вашиот проблем почитувана опозицијо е успехот на Оливер Спасовски, посветеноста, неселeктивноста и професионалноста. Овие се нови времиња, сите сме еднакви пред законот.

Последни вести