fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е иста и со Груевски и без Груевски, брани криминал и насилници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ рециклира од Белата палата, вади веќе фрлени предмети и ги нуди на јавноста како нова политика. ВМРО-ДПМНЕ прави и опасен преседан: се меша во работата и одлуките на јавното обвинителство. Забораваат дека таквите упади во судството и обвинителството завршија со нивното паѓање од власт.

Сега е време на независна судска и извршна власт. Независноста се гледа на дело токму овие денови, но ВМРО-ДПМНЕ зафатени со ослободување на своите „браќа“ кои пролеаја крв на ривалските пратеници во парламентот, тоа не може да го види. ВМРО-ДПМНЕ не собра сили ниту вербално да се огради од насилството во парламентот. Очигледно им пречи што јавноста тоа го гледа, па побрза денес на заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која го осуди нивниот настап да и „реплицира“ со небулози.

Во оваа држава се е менливо само ВМРО-ДПМНЕ стои во место. Не ги бива ниту да ги прикријат своите манири поради кои паднаа од власт. Се уште вршат притисоци врз судството и обвинителството надевајќи се дека така ќе го сменат текот на историјата – во нивна полза. ВМРО-ДПМНЕ е иста и со Груевски и без Груевски.

Последни вести