Почитувани граѓани, почитувани земјоделци од општина Гевгелија.
За СДСМ зборот е збор.
Предизборното ветување на Владата предводена од СДСМ за старт на мерката „Зелена нафта” за земјоделците од 1 август 2019 година е веќе реалност.
Оваа влада се грижи за земјоделците.
Со најновата владина мерка „Зелена нафта” е овозможена огромна помош и олеснување за земјоделците во производството на земјоделските производи.
Имено 30% од трошоците за дизел гориво за земјоделска механизација веќе од 1 август 2019 година ги покрива Владата со мерката „Зелена нафта”
Со оваа мерка се опфатени над 55 000 земјоделци од целата територија на државата кај кој се враќаат над 200 милиони денари.
Во нашиот крај, односно од општините Гевгелија, Богданци и Дојран се опфатени 1579 земјоделци и земјоделски стопанства кои поднеле барање за субвенции за 2018 година.
Придобивката од користењето на мерката „Зелена нафта“ за земјоделците од општина Гевгелија е доделувањето на безготовинската картичка со лимитиран највисок износ од 100.000 денари.
До денес, од страна на производителите се подигнати 400 картички со вкупен износ околу 2.200.000 денари
Водејќи се од принципот на правилност, Владата предводена од СДСМ со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможи правилна распеделба со што целокупното обработливо земјиште ќе биде во рацете на вистинските земјоделци.
Младите земјоделци, оние коишто професијата земјоделец ја гледаат како можност за своја иднина ќе бидат ослободени од плаќање закупнина на земјоделско земјиште во период од три години.
Владата останува посветена на мерките кои значат добра и повеќе пари за граѓаните.