Обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Почитувани граѓани,
Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност.
Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот.
Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани.
Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ.
Нека е честит и вековит 2 Август, денот на републиката.