fbpx

СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26тата седница на Советот.

Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.

Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи.

За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

Универзална сала е симбол на Скопје, симобл на солидарноста кој е изграден по земјотресот преку донации од десеттици држави. Генерации скопјани израснале со настани во Универзалната сала.

Затоа, ги повикуваме и советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.

Ние како советничка група продолжуваме да бидеме конструктивна опозиција во Град Скопје која се бори за интересите и потребите на градот и сите негови жители.

Последни вести