fbpx

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо а покачуваат сметки за комунални услуги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, поради нивната неспособност, општините се во стагнација, а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци.

Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат и граѓаните на општина Прилеп, во општина Велес се покачени комуналните услуги, исто како и во Виница, Радовиш и неколку други помали општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Штип зголемен е данокот на промет, како и такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

Град Скопје, општините Охрид, Ресен и Кочани бараат драстично зголемување на цената на водата.

Истовремено со општински обврзници се задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Аеродром, Бутел, Гази Баба и Прилеп.

Ништо не се менува во партијата предводена од Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ја практикува локалната власт со неработење, партизација, масовни вработувања, поскапи услуги за граѓаните и задолжени општини.

Последни вести