Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб
Скопје, 21.04.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Го искористив своето гласачко право и гласав за избор на претседател, гласачкото право и гласањето е еден демократски чин којшто истовремено е и чесно и одговорно затоа што сите заедно одлучуваме во која насока ќе се движи нашата држава.
Мирна, позитивна и демократска атмосфера којашто беше обележје на целата изборна кампањата, гледам дека продолжи и денеска на избирачките места ширум државата.
Граѓаните своето гласачко право го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин.
Институциите со сите свои капацитети одговорија на предизвикот изборите да минат во најдобар ред, како што впрочем и прилега на држава идна членка на НАТО и ЕУ.
Очекувам одговорност од сите учесници во оваа изборна кампања токму денес на изборниот ден да направиме се, сите заедно истиот да помине во една мирна, демократска и позитивна атмосфера до самиот крај.