Бојан Петрески, портпарол на ОО СДСМ Кисела Вода
Скопје, 23.03.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Општинската организација на СДСМ Кисела Вода денеска започнува еко-акција „Зелена и чиста Кисела Вода“.
Заедно засадуваме 180 висококвалитетни дрва на повеќе локации низ општината.
Цветан Димов, Пржино, Бирарија, Црниче Бараки Пинтија, Подстаница, Усје, населба Драчево и Три круши денеска и утре ќе бидат засадени 180 дрва за зазеленување на нашата општина.
Почитувани граѓани,
Квалитетот на воздухот и животната средини зависат од сите нас, од нашето делување, од нашата свест.
Секој од нас има шанса да придонесе за заштита на здравата животна средина и чистиот воздух.
Ги повикиваме сите граѓани на Кисела Вода да се приклучат на оваа акција и да дадат личен придонес во обезбедувањето чист воздух и здрава животна средина.
Ајде заедно да се грижиме за нашата животна средина.
Еколошката акција „Зелена и чиста Кисела Вода“ што Општинската организација на СДСМ ќе ја спроведува во неколку наврати во текот на целата година. Освен засадувањето дрва акцијата ќе се прошири и со чистење на јавни површини, диви депонии, како и едукација на граѓаните.
За зелена и чиста Кисела Вода, за здрава иднина на сите нас.
Ви благодарам.