Изјава за медиуми,
Љупчо Николовски,министер за земјоделие,шумарство и водостопанство
Скопје,01.09.2018
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на скопско Стајковци, во општина Гази Баба, еден од најпознатите скопски региони за производство на раноградинарски култури.
Министерот Николовски во Стајковци и Црешево, имаше средби со земјоделци на кои се разговараше за актуелните состојби во земјоделството и ги слушна нивните предлози, со цел создавање ефикасни мерки за модерно земјоделство. Градинарството е важна извозна гранка, која има голем придонес во вкупниот извоз на земјоделски производи. Токму затоа, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, субвенциите за земјоделците со развоен потенцијал, односно оние кои имаат од 0,7 до 5,0 хектари, се зголемени за 20 отсто и овие корисници ќе добијат субвенција од 36.000 денари по хектар. За македонските земјоделци и за жителите од руралните подрачја, за жителите на Стајковци, најважен е влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.
“Субвенциите со влегувањето во ЕУ македонските земјоделци ќе ги добиваат директно,од ЕУ. 400 милијарди евра се предвидени во буџетот на ЕУ за 2014-2020 година за развојот на земјоделството”, изјави Николовски.
Само оваа година преку ИПАРД II Програмата Европската Комисија и додели на Република Македонија средства во висина од над 12 милиони евра наменети за инвестиции во земјоделските стопанства, преработувачките капацитети, руралните средини, за развој на нови и постоечки бизниси и рурална јавна инфраструктура.
“За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство . Со овие пари со 3,5 милони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување со 4,5 милиони евра во следната година ЕУ ќе гради фабрика за третирање на отпадот од угинатите животни во Македонија како политика за приближување кон ЕУ“, посочи Николовски.
Членството во НАТО и влезот во ЕУ ќе значи повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени, модерно и одржливо земјоделство, повеќе вработувања во руралните средини и поттикнување на економскиот раст.