fbpx

Проширување на парламентарното мнозинство за поголема поддршка на реформите во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Скопје, 26.03.2018

Медиуми: Дали имало затворање на другата истрага којашто се водела против него, или добил некаква награда според вашите сознанија, бидејќи прилично доста прашувавте и се гледа дека имате сознанија?

Јас само прашав јавно, редот беше тој да каже, отворена е истрага претходните години за други предмети од страна на државата по други основи, и како тоа е затворена токму пред еве да биде соработник на власта во тоа време. Тоа требаше тој да го каже, а веројатно судот во постапката може тоа да го утврди, да го докаже или слично. Ние ќе ги доставиме доказите кога била отворена таа истрага, кога била затворена таа истрага и како тоа се поклопува со ПИМ мерките вклучени при неговото инволвирање во целиот овој процес.

Медиуми: Поднесовте и кривична пријава против него за лажно сведочење, дали имате информација дали е ефективна таа кривична пријава?

Јас верувам дека денеска после овие искази на сведокот, треба да следуваат и некои други кривични пријави против службени лица, МВР, обвинители или слично, ова е јавно признавање во суд, како било инструирано, како му се наредувало, како се објаснувало. Тоа во законот е забрането. Секако мојот адвокатски тим ќе оцени што ќе направиме понатаму, во делот на тие постапки, а во претходната кривична пријава којашто е поднесена немаме никаква информација, освен адвокатите ако имаат, може да дадат адвокатите дополнително.

Медиуми: Го спомнавте Чавков и уште едно лице од МВР само не го кажавте со име…
Само да прашам дали Сашо Мијалков случајно, да не бил истиот ден баш токму и тој таму, освен Митко Чавков.

Медиуми: Имавте сознанија дека тој бил таму?

Значи јас сакав само да прашам.

Медиуми: Околу најавите за реконструкција. До каде се, кои партии ќе влезат во проширеното мнозинство, на кои министерски места може да има промени, на кои позиции?

Многу сме далеку од овие работи, идеата е прво да го зголемиме парламентарното мнозинство од две причини, првата причина е да ја зајакнеме неговата стабилност, во функција пратениците да имаат повеќе време да поминат и со своите бирачи – со граѓаните, тие се буквално заробени овде. Втората работа е заради тоа што следуваат сериозни, крупни одлуки во Република Македонија, пред се мислам на реформите. Понатаму, се надевам на решение со проблемот којшто Грција го има со нашето уставно име. Истовремено, знам дека сериозни економски одлуки ќе има во државата, пролетта е одличен период на раздвижување на сите економски оперативи и многу други важни одлуки во нашата земја, а ако постои амбиент ќе го слушнеме тоа од оние политички партии и поединци, коишто досега се со пратеници во опозиција. Значи ќе разговараме со сите нив, а вториот чекор е во размислувањето кои ресори и какви ресори ќе бидат променети.

Медиуми: Дали имате договор со некоја партија, или сте најблиску до договор со некоја партија?

Не, не, не сум почнал. Не сум почнал да разговарам, транспарентно ги водиме секој пат процесите, дури разговараме и со јавноста во детали за разговорите, штом ќе има нешто ново веднаш ќе споделиме.

Медиуми: Има ли во СЈО бомби за поткуп?

Да. Тој период да, секако дека има. Има и пред “Поткуп” години и години, тоа е насекаде.

Медиуми: Сте ги слушнале?

Секако. Значи во делот на разговорите, Зоран Заев е таргет, овие ПИ мерки коишто се обезбедени, според мене сепак незаконски, со нелегитимна наредба, со НН лице пишувано или слично, се само во еден период. Прашањето зошто и порано сум бил, зошто и измеѓу сум бил на слушање или слично, тоа е работа на СЈО.

Медиуми: Ќе имате ли средба со господинот Али Ахмети при најавената реконструкција?

Немам договорено средба со господинот Ахмети.

Медиуми: Дали ви менува нешто во вашите односи што сега СЈО има отворено истрага за господинот Али Ахмети?

Апсолутно немаме разговарано на таа тема. Правосудството нема врска со извршната власт. Тоа треба да тера. Тераат и против Заев, тераат и против Ахмети, веројатно извршната власт е најподатлива да прави кривични дела. Во иднина очекувам конкретни предмети против секој што има индиции дека можеби се огрешил или слично, тоа е она коешто треба да го работи правосудството, а не беше прилика во 11те години наназад, да се отвори некој предмет против некои високи представници на власта или слично. Апсолутно, органите на прогнот треба максимално да бидат посочени во сузбивањето на секој можен криминал, но најмногу на криминалот којшто е потенцијално можен да биде создаден од страна на извршната власт.

Медиуми: Реакција во јавноста предизвика извештајот за трошењето на Владините функционери. Според тој извештај 34.000 евра за угостителски услуги се потрошени.

Не знам дали имате пиено кафе во Владата на Република Македонија, тоа е на сметка на Заев или на Аѓушев. Ако земјоделците што ги собира Љупче Николовски, секоја тура, секоја група, секоја дебата, има кафе и вода, тоа е на сметка на министерот. Тој го потпишува тоа. Тоа е исто и со министерот Бекташи. Тие се тие сметки. Убаво е ПР секторот којшто ги објавува да ги каже деталите за да биде на чисто кои се токму тие сметки за бифеата коишто ги плаќаат министрите. Секое кафе, дури и кога стига во канцеларијата на шефот на кабинетот, кај мене, еве на шефовите на кабинети кај министрите, го потпишува одговорното лице во институцијата. Во Владата сум јас, во минситерствата е соодветно секој министер.

Медиуми: Очекувате ли предлог текст од медијаторот Нимиц?

Да, очекувам, но секако фокусот е на 30-ти кадешто очекувам суштина од самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигаат текстовите, тоа се обично форма или рамка, не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина од преговарачкиот процес. Јас очекувам дека ќе се направи следен чекор, којшто секако ќе биде прифатлив за двете страни, а според мене би бил втор од крај последен чекор, или трет од крај последен чекор. Така што очекувам да се движиме кон нешто коешто можеби и ќе не доведе до решение. Но секако тоа е нешто коешто на 30-ти ќе го дознаеме од нашите министри, посебно ние од нашиот Никола Димитров.

Медиуми: Околу разговорите со Коѕијас, конкретно што му пренесовте?

Разговараа министрите. Ние разговаравме пред се во делот на взаемната поддршка и разбирање, дека навистина и двете земји, преку двајцата министри, двајцата премиери, пред се како носители на процесите на разговорите сме влезени сериозно и тоа е за почит. Разговаравме колку е важно да се унапредува пријателството и соработката помеѓу нашите две земји, разговаравме и дека навистина 2017 година заврши со преку 1 милион посети на наши граѓани од Република Македонија на Грција. Само по себе покажува колку се поврзани граѓаните на двете земји и на крајот дека обврска е на двете земји и на политичарите да ја унапредат соработката за којашто граѓаните се надеваат.

Медиуми: Имаше јавен протест на адвокатската фела која се спротивставува на законските измени, доколку тоа помине на како што велат тие на Влада и отиде до Собрание спремни се да стапат во штрајк како и вашите бранители, тоа значи дека ако се влезе во штрајк ќе се сопрат сите процеси?

Знаете како јас, имам мои адвокати, но имам и нотар, а сум имал и извршител, такашто она што сакам да го кажам е дека внимателно ги слушаме сите комори, сакаме да ги иницираме аргументите на сите страни. Она што е за нас важно, да паднат тие пусти сметки на извршителите во коишто има вградено и адвокатски и нотарски трошоци, и извршителски и судски, но на оние наши граѓани на коишто им стига комплетната сметка од извршител наведено, конечна цел ни е да го намалиме тоа. Тоа е нашата цел, а притоа сигурно да имаме разбирање за фелите, односно коморите. Адвокатската комора има свои аргументи, нотарската комора има свои аргументи. Заедно со моите правни советници се обидуваме буквално да ги фатиме аргументите и на двете страни и на крајот се надеваме дека нема да тргнеме веднаш со закани. Штрајкот, протестот, не ни бега, но да се обидеме претходно на маса буквално да ги решиме проблемите. Јас од состанокот што го одржав со Претседателот на адвокатската комора и Претседателот на нотарската комора, мојот правен советник, тогашниот министер за правда, беше со мене, видов дека може да се изнајде решение, работат веќе тимовите и се надевам дека ќе се дојде до решеније.

Медиуми: Како ја толкувате пораката од Москва, односно советот, тоа значи нели дека Македонија да припази во следниот период како се однесува со други зборови дипломатски уцени, тоа значи дека сме многу блиску до НАТО?

Ако знаат дека сме блиску до НАТО убаво е да не информираат. Навистина прва стратешка цел на Република Македонија е интеграциите во НАТО и ЕУ. Уште еднаш само ќе потенцирам, ние сакаме да ја унапредиме соработката со сите земји, и со Руската Федерација, но алтернатива за Македонија и граѓаните на Република Македонија нема освен во НАТО и Европската Унија. И тоа го правиме не заради тоа што така сме определиле,туку го правиме заради вредностите. Ние веруваме во европските вредности, веруваме во владеењето на правото, слободата на изразување, слободата на општење, слободата на медиумите, во јавна администрација сервисно ориентирана, човековите права и слободи. Генерално, тоа е нашата определба и не само на Заев или на политичарите, туку на преку 75% или во случајите преку 80% од граѓаните се за таквата определба.

Медиуми : Коментар за претепувањето на лидерто на ЛДП, може ли барем Владата да ги заштити пратениците?

Јас знам дека институциите на системот прават се за да ги заштитат пратениците и тие знаат и се информирани дека по се што постапува МВР, работи во делот на заштита на пратениците, нивните домови како и нивните семејства. Но јас ги охрабрувам да не ја ограничуваат својата слобода, ние сме на вистинската страна, ние зборуваме за едно општество во Република Македонија каде што ќе има рамноправни, еднакви граѓани по своите права и по своите обврски, и продолжуваме со кренати глави. Горан Милевски пратеникот е истовремено и претседател на ЛДП, една од партиите со коишто сме во коалиција. Навистина, ваквиот чин којшто ми беше објаснет токму од Горан Милевски, токму на потег помеѓу фонтаната и Пелистер во строг центар во Скопје, е дрско безобразие, и верувам дека некој доказ е оставен. Белким има некој доказ за да може да се најде човекот којшто го направил насилството за да може секако да му се поднесе пријава и да одговара за оваа работа. За пример, вакви случаи имавме и во минатото знаете против вас медумите и новинарите, против други службеници или јавни лица, а имаме и против обични граѓани. Насилството мора да биде спречено од секој аспект и секако мора да биде казнето.

Медиуми: Господине Заев, само што излезе сега вест дека се ослободени Крсто Муковски и пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Го води ли ова кон решавање на можеби одредени прашања со опозицијата, имате ли информации дека се пуштени од притвор?

Кој тоа одлучил, кој суд. Прв пат слушам за информацијата. Она што досега јас јавно сум го кажал, можам и сега пак да го повторам. Јас не се согласувам со општество кадешто притворот претставува казна. Треба да има транспарентни судски постапки со доказите извадени еве, како денеска, буквално имаше телепортинг до граѓаните за оваа седница. Ги читав вестите буквално додека бев во судница. Верувам во транспарентни судски постапки со доказите на маса. Секој за којшто постојат докази има да одговара, секој којшто не се огрешил од законот и не постојат докази е невин. И апсолутно, 4 месеци или колку време се веќе луѓето во притвор, и јас лично испратив порака, тоа е мое лично убедување без да имам било какви интенции да влијаам врз сдуство или правосудство или било што, дека притворот не треба да претставува казна односно државата треба да постапува секогаш кога може кон полесни казни односно само тогаш кога се мора.

 

 

 

 

Последни вести