Соопштение за јавност
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов ја започна постапката за изградба на нов сообраќаен коридор и мост на реката Вардар што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со што ќе се обезбедат услови за поефикасен и посигурен сообраќај во Скопје.
Проектот за пробивање на овој сообраќаен коридор, освен изградба на нов 120 метарски мост преку Вардар во населбата Керамидница, предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди, како и воведување на нови автобуски линии на јавниот градски превоз.
Скопје почнува да се гради како отворен град којшто поврзува и работи за граѓаните.
Изградбата на новиот сообраќаен коридор е од интерес за граѓаните на Скопје, обезбедува развојна компонента на градот и ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај.
СДСМ преку централанта и локалните власти што ги предводи продолжува да работи одговорно, отчетно и посветено во спроведување на мерките што обезбедуваат инфраструктурен развој, економски раст и квалитетни услови за живот за сите.
Скопје, 25.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА