fbpx

Заев: Граѓаните испратија јасна порака, кавадарчани ќе гласаат за живот за сите, Китев е фаворит

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Кавадарци, 22.10.2017

 

Вториот круг е пред нас, ние сме во кампања, убедени дека ќе ја завршиме работата успешно и во Кавадарци, заради тоа што граѓаните веќе го дадоа својот сигнал бирајќи мнозинство во Советот. Тоа е повеќе од јасно. Испратија недвосмислена порака во кој правец се очекува да се движи Македонија. Јас искрено се надевам дека и кавадарчани ќе го фатат правецот за живот за сите, правецот на преспективи, правецот на европските интеграции, но пред се правецот на модерни општини, урбано развиени кои што ќе значат живот за сите нејзини граѓани што живеат овде.

Денеска сме овде со неколку коалициони партнери, имаме прекрасни активности, ги отвараме дебатите во Кавадарци. Првиот форум ќе го одржиме овде во близината, каде што ќе можеме заедно со граѓаните да ги демонстрираме идните правци на работење на новиот градоначалник и на мнозинството во Советот. Граѓаните буквално ќе бидат водилката на преспективите, на сите развојни компоненти и за градот и за населените места овде во Кавадарци. Целта е да ги отвориме сите наши проекти пред нив, но и да ги слушнеме нивните сугестии, отворено да дебатираат, да даваат сугестии заради тоа што тоа ќе стане пракса во идното работење на сите општини во Република Македонија.

Како што рековме, општините, државната власт постојат заради граѓаните. Тие мора да бидат правецот по кој што ќе ги насочуваат функционерите, кои што ги бираме на избори. И само нив можеме да ги следиме, ако сакаме навистина да реализираме проекти кои што претставуваат приоритет за самите граѓани, а не за политичарите кои што седат во кабинетите и сами размислуваат што е тоа што е најважно за граѓаните.

Јас сакам да ја искористам приликата, да испратам порака до кавадарчани да продолжиме во фер, демократска, слободна атмосфера, заради тоа што само слободните избори не прават победници, сите на крајот слободно да го дадат својот глас за оној за кој што мислат.

Нашиот кандидат е фаворит во оваа трка, јас верувам во младоста, во перспективите на Бетиан, тој е мој другар со кој што сите овие години работевме, градејќи ги овие програми и програмски перспективи за сите граѓани, убедени дека бројот 19 на овие избори е опцијата и за Кавадраци. Не е во ред Кавадарци, кој што е центарот на нашата Македонија, да остане да каска на времето. Имаа шанса нашите политички противници сиве овие години и со централна и со локална власт да покажат, за жал видовме дека навистина Кавадарци каска во својот развој.

Јас сум убеден дека навистина Кавадарци ќе сјае помеѓу сите општини во Република Македонија и заради својот потенцијал и заради сите перспективи што ги има и како локација и како граѓани, работоспособно население, вредни луѓе и слично, но пред се и заради новиот градоначалник кој што буквално знам дека ќе се вложи комплетно за идниот раст и развој на Кавадарци.

Уште само ова да го додадам, тука со нас е Љубе Бошковски и други претседатели на политички партии. Ние сме вкупно 23 политички партии во коалиција и многу луѓе се прашуваат што е тоа што не обедини. Не обедини борбата против режимот, не обедини животот во Македонија за сите. Јас сум многу среќен и сум буквално со озарено лице секаде во кампањата, така и во Кавадраци. Направивме истражување во овие последни денови, веројатно и победата и конечната одлука на граѓаните точно и во Кавадрци, така и во Штип, предизвикува да веќе водиме 5 до 8 проценти, меѓу нашиот кандидат и нивниот кандидат. Јас сум убеден дека само слободното гласање навистина ќе ги потврди конечните резултати.

 

 

 

 

 

Последни вести