Обраќање,
Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Тетово, 13.10.2017
Со победата на овие локални избори ќе го заокружиме процесот, оној кој што го започнавме во декември минатата година, процесот на враќање на животот насекаде. И во Тетово, и во Битола, и во Скопје, и во Штип, и во Прилеп, во сите населени места на нашата Република Македонија.
За само 100 дена власт покажавме што значи човекот, граѓанинот да е во центарот на вниманието на премиерот и на владата и на парламентарното мнозинство.
Гледам како во последниот период, Груевски во своите говори често знае да употреби неколку празни фрази како изборите биле криминални, биле нечесни, непрофесионални, со неправилности и нерегуларности. Како да се спрема за нешто во недела. Како да се спрема да не ги признае овие избори. Вечерва од Тетово уште една порака ќе му испратиме. Овие избори ќе бидат чисти како солза, ќе го обелат образот на нашата Република Македонија,а тебе ќе те испратат во историјата на политиката.
Познавајќи ве сите вас, тука присутните советници, ви гарантирам дека Тетово ќе добие историски тим, кој што од Тетово ќе направи поубаво место за живеење. Ќе го врати животот тука, ќе ве направи сите вас горди тетовчани. Да сте живи и здрави, во недела го враќаме животот во Тетово, го враќаме животот во Република Македонија!