Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 15.10.2017
Денеска излегов да гласам на избирачкото место каде што години наназад гласам со своето семејство. Очекувам дека тоа ќе сторат и што поголем број од граѓаните на Скопје и општо во Македонија, бидејќи новата градска администрација што ќе ја предводам, така ќе го црпи легитимитетот.
Исто така, масовноста дава и можност уште вечерва да го добиеме победникот за градоначалник на Град СКопје. Во секој случај, каков и да биде резултатот, вечерва Скопје ќе има нов Совет предводен од СДСМ, што конечно ќе стави крај на десетгодишното неодговорно владеење без грижа за нашите граѓани.
Според информациите што ги имам до давањето на оваа изјава, изборниот ден во Скопје и Македонија минува мирно, со мали неправилности. Ве повикувам и вас медиумите и граѓанските здруженија, будно да го следите изборниот процес и секоја евентуална неправилност да биде на време пријавена. Очекувам мирен ден и очекувам дека на крајот на денот Град Скопје ќе има нов градоначалник.