fbpx

ЕЛЕМ нема да се продава, туку дополнително ќе се инвестира во неговите капацитети

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ
Битола, 10.10.2017

 

П1: Велите дека Петроска ќе ја има поддршката од централната власт што гаранција е тоа за битолчани ако знаеме дека и Талески ја имаше поддршката од централната власт?

Владимир Талески како досегашен градоначалник на Општина Битола е можеби главниот виновник за се она што се случуваше во нашата општина, меѓутоа виновници беа и сите оние кои на некој начин ги носеа клучните функции од ВМРО-ДПМНЕ и во самата држава. Она што е битно е што во минатото на овие партијци од ВМРО-ДПМНЕ зборот во нивната партија не им минувал, едноставно не ги есапеле. Наташа Петроска тој проблем нема да го има, Наташа Петроска котира во нашата партија, Наташа Петроска ја има комплетната поддршка и од Премиерот и од самата влада.

П2: Околу бонбона бизнисот со ЕЛЕМ, дали СДСМ, Владата на СДСМ има намера да го продава ЕЛЕМ, со се РЕК, со се Молика, со се Копанки како што секојдневно ве обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ?

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ не е тешко денес да се демантира лесно. Кога своевремено во 2015 година излеговме со аудио снимките со наводите за криминал и корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие веднаш ја измислија лагата за жолтите комбиња и базните станици. Кога ние излеговме со концептот за едно општество за сите наши граѓани во Република Македонија тие излегоа со лагата за федерализација и кантонизација. Кога видоа пред месец дена дека катастрофално ќе ги загубат локалните избори, излегоа со лагата за бегалците и емигрантите за коишто никој незнае каде се, сите ги бараме. Сега кога се безидејни кога гледаат дека ќе ги загубат овие избори повторно излегуваат со лагата дека СДСМ ќе изврши продажба на толку сериозни капитални објекти на некој начин под доминантна сопственост на Република Македонија. Уште сега сакам да потенцирам, не само што ЕЛЕМ нема да се продаде и останатите капитални објекти, туку и ќе се инвестира во истите, за доброто на граѓаните и битолчани.

 

 

Последни вести