fbpx

По Централниот митинг, денеска Шилегов во Гази Баба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на тринаесеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 (08-ми октомври), оствари средба со еколозите и таксистите од општина Чаир, и заедно со граѓанската организација „Извор“, присуствуваше на чистењето на Матка.

„По преземањето на мандатот, веднаш ќе започнеме активности за уредување и на овој локалитет Матка и за уредување на спортско-рекреативниот центар „Треска“, со цел да го направиме попристапен, поуреден, до граѓаните на Скопје, како би можеле ова непроценливо природно богатство да можат да го користат во текот на целата година, во едни нормални услови, во чиста средина, без овие запоставени стази, без овие запуштени места, неисчистени, неизметени, неискосена трева, каде што се уништува целосната инфраструктура на овој комплекс. Токму денешната акција на оваа граѓанска иницијатива е потврда за ваквите наши тврдења. Токму заради тоа во градот Скопје го воведуваме правилото за задолжително надоместување на загубеното зеленило заради вршење на определени градежни работи. Независно дали е граѓанска иницијатива, независно од тоа од кого таа иницијатива потекнува, јас и мојот тим секогаш ќе бидеме тука, да поддржиме акции кои што се во интерес на градот, кои што значат подобар и поквалитетен живот за сите нас, а постојното зеленило ќе биде целосно заштитено, односно ќе биде ставен мораториум на било какво вршење на градба врз постојните зелени површини во градот“, истакна Шилегов.

Вчера, СДСМ го одржа централниот митинг во Скопје. Таму Петре Шилегов порача дека се залага Скопје да го направи европска метропола.

„Овде сакам да ја промовирам најновата мерка, која што свесно не ја запишав во програмата. На скопјани ќе им овозможиме да си засадат дрво за секое новородено дете. Секој граѓанин на Скопје да има сопствено дрво на иднината, кое што ќе го негува. Тој што не може да го разбере дрвото, тој не може да ја разбере иднината. Овдека се нашите корени, овдека е нашето стебло, овдека е нашата крошна, нашата убавина, пред која што јас стојам вечерва“, рече Шилегов.

Денеска, Шилегов ќе оствари средба со граѓанската организација „Полио Плус“, по што ќе го посети пазарчето во Ченто, каде ќе оствари средба со продавачите и граѓаните. Во 12: 00 часот ќе даде изјава за медиуми во СРЦ Сарај каде се среќава со многу познати спортски имиња од Скопје и Македонија, како и со група професори по физичко образование за да ги дискутира перспективите на спортскиот центар.

На агендата на Шилегов за денеска е Општина Гази Баба, каде во 20: 00 часот ќе се обрати на централниот митинг.

 

 

 

 

Последни вести