Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 10.10.2017
Добар ден,
Освен хуманитарниот момент на денешниот ден, тука сме заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Златко Марин, да излеземе во пресрет и на проблемите коишто ги имаат граѓаните на градот Скопје, во овој дел од градот, непосредно до оваа локација, се наоѓа од едната страна една урбана современа населба, а од другата страна е Керамидница. Очигледна е потребата на граѓаните од Керамидница, за еден квалитетен пешачки мост како би можеле, да имаат подобра комуникација со останатиот дел од градот. Тоа е предвидено во нашата програма, тоа е утврдено во потребите на граѓаните и тоа е нешто што во текот на мојот мандат ќе биде изградено како би излегле во пресрет на тие потреби на граѓаните. Бидејќи за нас е клучно заедно со тимот кој го предводам, да разговарам со луѓето, да ги разбереме нивните проблеми, тие проблеми кои што се наталожени, еден по еден да ги решаваме.
За нас овие избори се важни од два аспекта, прво затоа што е неопходно да го завршиме, процесот на ослободување на Македонија, и тоа да го спуштиме на локално ниво. Освен централната власт да ги ослободиме општините, од досегашниот режим на Никола Груевски и да завршиме со нетранспарентното, коруптивно и криминално владеење во Република Македонија.
Токму заради тоа цела Македонија и градот Скопје треба да ги внесеме во еден нов процес на менаџирање, на раководење со градот, на раководење со општините, бидејќи насушно е потребно во градот Скопје и во општините, локалната самоуправа да биде таа која ќе работи во интерес на граѓаните, којашто ќе ги слуша, нивното мислење, нивното размислување и нивните потреби и ќе дозволи граѓаните да партиципираат во носењето на одлуките. Нам ни треба општини кои ги поврзуваат граѓаните, функционални и ефикасни, коишто работат и градат по план, коишто работат и градат модерни и квалитетни, улици и други инфраструктурни решенија, дигитализирани и паметни системи на јавни услуги, јавен превоз кој функционира, кој е брз, ефикасен и безбеден.
Затоа почитувани граѓани, потребна ни е вашата поддршка, на 15ти Октомври. Излезете масовно во најголем можен број, на избирачките места заокружете го бројот 19, за да го вратиме животот во Градот Скопје за сите.