fbpx

Шилегов: Ефикасно ќе работиме за сите, ќе се грижиме за ранливата категорија граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 05.10.2017

 

Почитувани граѓани,

Денеска сме во општина Аеродром, населените места Лисиче, и ова е Скопје. Овој хаос, овој смет, ова ѓубре кое што го дишат нашите сограѓани, и ова е дел од градот Скопје. Овдека нема основни елементарни услови за здрав живот, овдека во целост е прикажана негрижата која што локалната власт и на ниво на општината Аеродром и на ниво на градот Скопје ја има кон своите сограѓани, скопјани. Тоа што го прават е всушност тоа што ни го мислат.

По победата на 15 октомври, Скопје повторно ќе стане Град на хуманитарноста. Хуманитарноста ја враќаме како еден од нашите врвни приоритети. За разлика од досега, ранливите категории на граѓани, а наши сограѓани, лицата со посебни потреби кои што беа ставени на маргините на општеството, ќе бидат во еден од приоритетите за нивно вклучување во системот за обезбедување на можности за квалитетен живот, нормално секојдневие и ефикасно функционирање.

Во тој контекст, секоја следна градска политика, инвестиција, секој тротоар и плоштад, лифт или зграда, кои што се под надлежност на градот и на општините составен дел од градот, мора да бидат инклузивни и за оваа категорија на граѓани.

Земаме обврска секоја институција, јавен простор, урбан простор да го направиме пристапен за секој до крајот на нашиот мандат. Ќе обезбедиме и дефектолог во секое училиште, што ќе овозможи грижа за оваа категорија на лица.

Почитувани сограѓани,

Градот на солидарноста не ги заборава луѓето од улиците. Градиме преноќувалиште за бездомници, со што ќе обезбедиме кров над глава за секого во ладните скопски ноќи, и ќе нудиме и бесплатни оброци, основна здравствена хигиена. Новата градска администрација ќе обезбеди ефикасен пристап до европските средства, кои што досега целосно беа занемарувани. Преку нив ќе работиме на системска поддршка на бездомниците и на сите категории граѓани на кои што тоа им е неопходно.

Затоа ве повикувам на 15 октомври да гласате за бројот 19, да гласате за промени, да гласате за еднакви можности за сите.

 

 

 

Последни вести