fbpx

Шилегов:Заедно со пазарџиите и граѓаните ќе работиме на подобрување на условите за работа на Битпазар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 03.10.2017

 

Најпрво сакам да заблагодарам нa топлото гостопримство на луѓето на граѓаните на Скопје, овде на Битпазар се сретнавме со секакви луѓе и со продавачите и со купувачите. Благодарност до еснафот на пазарџии, којшто овозможи една ваква средба. Денес на пазарот се сретнавме со граѓаните на Скопје, кои што се од двете страни на тезгите. Разговаравме и за проблемите на пазарџиите и за проблемите на граѓаните кои што треба да ги платат средствата за да ја набават робата.

Сите сме согласни дека сево ова што до сега се случуваше во нашата држава треба да го довршиме. Oна што го започнавме на 11ти декември, заеднички да го реализираме и на локално ниво, со цел да се стави ред и во трговијата и во функционирањето на пазарите во Скопје, за овие проблеми кои се среќаваат овде, во зима ладно, во лето топло, без основни услови за работа, едноставно, со тек на време да почнеме да го решаваме како проблем. Овде денес, ја промовиравме нашата програма за живот во Скопје, токму заради тоа од двете групи на луѓе се среќававме го понудивме нашиот план за инфраструктура на пазарите во Скопје.

Една добро испланирана акција, добро испланиран план кој ќе го реализираме заедно, трипартитно и стопанисувачот на пазарот и градоначалникот и комората на пазарџии. Низ чаршијата разговаравме која е потребната инфраструктура, овде на пазарот, за да може да го направиме приодот на луѓето и подобар и поквалитетен, поедноставен и не со ваков хаос што владее, со цел да се одржи континуитетот на традицијата на Битпазар, како едно култно место во Скопје, меѓутоа и да ги вратиме луѓето внатре во Скопската Чаршија, не само странските, туку и домашните гости. Токму затоа е потребна поддршката на граѓаните на 15ти Октомври, да ја завршиме започнатата работа во декември, со цел животот да се врати животот за сите во Скопје.

 

 

Последни вести