Соопштение за јавност
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на вчерашниот седми ден од кампањата за локални избори 2017 (01-ви октомври) ги посети жителите на село Копаница, а оствари и средби со мештаните од Рашче.
„Рашче за нас има голема симболика. Од Рашче доаѓа водата во Скопје, а водата е живот. Заедно да го вратиме животот во Рашче и животот во Македонија“, рече Шилегов.
Потоа, Шилегов ги посети Свиларе, Кондово и Сарај.
На платото пред Универзалната сала на Форум на граѓани. Шилегов заедно со Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Билјана Секуловска -Габер говореа пред присутните.
„Сегашноста на Скопје е дека е најзагадена европска престолнина од сите градови во Европа. Дишеме воздух кој содржи најмалку 10 пати повеќе штетни честички од дозволеното. Од „Миле ми текна”, го одземаа зеленилото, земаа „џaбaлaк” парцели, а пак ни донесоа технолошки застарени автобуси. Му го одземаа и јавниот превоз. Јавен превоз е да се возите брзо, евтино и ефикасно, но и тоа го одземаа. Јас ви ветувам, дека Скопје со мене, ќе има градоначалник кој нема да седи и посматра, туку ќе реагира. Проблемот со загадувањето ќе го решаваме од првиот ден. Во моментов немаме податоци или градот ги крие, за тоа што е изворот за гушењето на Скопје.
Но, додека трае истражувањето, ќе преземеме мерки според план. Ќе има Јавен превоз во деновите кога е најзагадено, нема да има градежни работи во местата кај што е најзагадено, ќе започнеме брзо зазеленување на градот. Примарен удар на загаденоста, ќе биде гасификацијата на Скопје која ја започнуваме во 2018 година. За секој изграден стан во Скопје, ќе бидат засадени од три до пет дрва“, истакна Шилегов.
Во општина Чаир, Петре Шилегов се сретнa со кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу. На игралиштето зад Т.Ц. „Три Бисери“ на отворената трибина Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Мартин, зборуваа за урбанистичкото планирање во Аеродром.
Петре Шилегов оствари средба со стручни лица од областа на инфраструктурата, во Стар Аеродром, пред Воениот Базен.
Денеска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје ќе се сретне со Асоцијацијата на Архитектите на Македонија, а во 11:30 часот ќе го посети СРЦ Треска каде ќе даде изјава за медиуми. По изјавата тој ќе оствари средби со граѓани од општината.
Во Музеј на современа уметност, во 18:00 часот Шилегов ќе учествува на ТВ Дебата 24 со Коце Трајановски, а остатокот од вечерта ќе го искористи за агитација од врата до врата.