fbpx

Заев од Кавадарци: Промените продолжуваат зашто на Македонија и се потребни перспективи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Кавадарци, 01.10.2017

 

Се враќа животот во Кавадарци, како што се враќа во цела Македонија. Продолжуваат промените, продолжуваат промените заради тоа што на Македонија и треба перспектива, не само два денари субвенции за продадено грозје, објавувам во Кавадарци заради лошата година уште два денари дополнителни субвенции за лозарите, и тоа не само за црното грозје, и за белото грозје, за 60 милиони килограми по 2 денари се 2 милиони дополнително пари. Ќе изградиме гасификација на Кавадарци за стопанството, за домаќинствата и за сите јавни објекти. Фени ќе работи и ќе дава плати, ќе направиме се да го поддржиме да работи, оти таму работат наши сограѓани. Таму се хранат наши семејства…се бориме и за Кожувчанка оти таму Митко ќе си остане директор на Кожувчанка и тој ќе добие поддршка од нас, затоа што без разлика на било која припадност, ќе го поддржиме стопанството само мора да даваат плати, да ги покачуваат платите и да отвораат нови работни места. Тоа е задача на стопанството, а сите поддршки што ќе ги добијат приватните стопанственици и бизнисите, ќе имаат за цел, повисоки плати, стабилни работни места и нови работни места за младите луѓе.

Ние сме убедени дека се што треба да работиме, треба да работиме за граѓаните. И владата и општината, постојат заради вас, заради вас граѓаните. Ќе работиме за секој поединец,секој граѓанин е важен. Секој што ќе има проблем за решавање, ќе се втурнеме во негово решавање.

Да гласаме за живот во Кавадарци за сите, да гласаме за живот во Македонија за сите.

 

 

Последни вести