Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов во своето обраќање по повод 8 септември, Ден на независноста истакна дека граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначаници кои не мислат на потребите на граѓаните. Шилегов порача дека по промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации.
„Ќе ставиме крај на градежното дивеење низ градот. Ќе го направиме Скопје онака како што доликува. Нема повеќе да има градежна дозвола, ако не се засадат пет дрва за секој стан“ порача Шилегов.
Во обраќањето, Шилегов истакна дека парите на граѓаните нема повеќе да се трошат на панорамски тркала и барокни фасади, туку парите ќе се користат за еколошки јавен превоз и за нови училишта.