Извадок од обраќање
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Струмица 08.12.2016
Почитувани мои струмичани ова е најверојатно моето последно обраќање во функција и на градоначалник зошто се уште сум градоначалник.
Ќе ве потсетам 2005 година, на овoј плоштад поинаков од оваа локација, од оваа сцена, се обратив пред вас и реков, јас сум Зоран Заев имам 30 години и подготвен сум да ја водам Струмица. Еве ме вечерва мои струмичани исправен сум пред вас и ви кажувам, јас сум Зоран Заев, имам 42 години и подготвен сум да ја водам Република Македонија!
На гласачките места ако внимателно и паметно погледнете ќе го видите стои таму и слободата и демократијата, таму стои и правдата и заедништвото и единството, таму стои и животот. Сето тоа е под бројот четири.
Моја Струмицо!
Те повикувам на 11 декември на Денот на светите Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици,да излеземе масовно сите дотерани, горди со дигнато чело да гласаме за бројот 4, да гласаме за живот во Македонија.
Да живее Струмица, за живее Република Македонија и сите нејзини граѓани да сте ми живи и здрави да живее животот во нашата заедничка Македонија.