Дел од обраќање,
Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
Штип, Митинг, 01.12.2016
Со Вас со граѓаните го создадовме планот за живот за Македонија. Тој е базиран на наука, истражувања, факти и аргументи. Тој е правен на основа на потребите на граѓаните и за граѓаните. Токму вие сте нашата најголема мотивација која во ова студенило на води напред. Македонија ја водиме напред кон живот, во живот во Македонија.
Јавно ветуваме дека во првите 4 месеци од формирањето на новата влада од премиерот Зоран Заев ќе ја покачиме и минималната плата која што на крајот на мандатот ќе изнесува 16.000 денари и тоа без исклучок. Неправдата која што Груевски им ја нанесе на вработените од индустријата за текстил за кожа и обувки мора да ја исправиме. Нема да има ниту еден вработен од овој сектор со плата помала од 16.000 денари. Ние сме гаранција, можеме да го направиме, ќе го направиме.
Просечната плата согласно планот кој што го изработивме ќе биде 30.000 денари.За секое семејство со двајца вработени да има по 1.000 евра со коишто ќе се покријат и основните трошоци, храна, за одмор, за нова соба, за сите потреби на семејството.
Мораме да направиме квалитетно јавно здравство. Еден од нашите фокуси на крајот на мандатот согласно планот секој вработен во здравствениот сектор ќе зима дупло поголема од сега, а секоја специјалист ќе зема плата од 100.000 денари. Лекарите и младите мора да ги задржиме тука во Македонија.
Ќе го враќаме ДДВ во износ од 15% што ќе го потрошите во текот на една година. И тоа ќе биде уште една плата во секој буџет, во секое семејство. Повеќе пари ќе обезбедиме за секое семејство.
Веднаш ќе го донесеме Законот за стечајците. Како ќе се зголемуваат платите, ќе се зголемуваат и пензиите. За земјоделците гарантираме 640 милиони евра во првите 4 години за редовни, навремени субвенции. Не за мафијата, не за тајкуните блиски до власта, не за телевизиите кои одработуваат за власта, туку за вистинските земјоделци.
Пратениците од коалицијата за живот и идниот парламент нема да зимаат трошоци како Силвана Бонева. Идната влада на Зоран Заев ќе брои 20 министерствата, а не како сегашните 26. 50% од возилата во министерствата ќе ги скратиме, ќе ги скратиме непотребните трошоци. Нема Македонија да се задолжува за споменици, скулпктури и реклами. Граѓаните треба реално да ја осетат придобивката од работата на Владата, а не преку реклами.
Ќе го заплениме криминално стекнат имот во државата. Ќе обезбедиме законски основи после првата правосилна пресуда целиот криминално стекнат имот да се конфискува веднаш. Ќе го вратат назад и парите ќе ги вратат назад кај граѓаните.
За живот во Македонија! Заокружете бројот 4, заокружете за план ЗА ЖИВОТ во Македонија! Да живее Македонија.