Дел од обраќање,
Љупчо Николовски, носител на кандидатска листа во изборна единица3
Велес, митинг, 28.11.2016
Почитувани,
Ми кажуваат граѓаните , од секоја куќа во Велес по еден млад човек заминал.
За жал, овие млади луѓе, овие наши другари коишто секодјневно ги испраќаме на аеродром, а сум дел од таа генерација, и тоа секојдневно се случува, а ги знам и такви од Велес коишто мораа да заминат за да да пратат пари дома, за нивните родители да платат сметки, да вратат кредити, да не им тропаат извршители, но уште повеќе за да пратат лекови, за да се купат цитостатици, за да може да се оперираат нивни болни родители, за да им го спасат животот.
Тоа е најтажното што се случува и во Велес и во цела Македонија!
Затоа се ангажиравме, затоа до крај ќе се избориме и ова ќе го сопреме на 11 декември!
А тие што се тука или немаат работа или работат за мизерна плата. Тоа Велес најдобро го знае. Велес најдобро знае какви се платите тука.
Груевски никогаш ниту сакал, ниту некогаш ќе сака да ги зголеми платите во Македонија. Тој сака така да го држи народот, така да го контролира, со мизерни плати, со минимална плата таква каква што е.
Па тој нема срам, тој го понижи целосно овој наш вреден и работлив народ, се фалеше низ светот, да дојдат инвеститорите во Македонија, зошто? Затоа што биле најниски платите тука. Тоа ни го остави во наследство Никола Груевски.
Против тоа ќе се избориме и нема да му дозволиме да продолжи ова узурпирање на нашите животи!
Светлата иднина на Македонија, почитувани граѓани е испишана во овој План за живот во Македонија!
Тука е испишана.
Платите ќе се зголемуваат, па макар Груевски верувал или не, макар сакал или не!
Тоа ќе се случи без него, тоа ќе се случи после 12 декември!
Минималната плата, но и просечната плата ќе се зголемува како резултат на враќањето на парите назад кон граѓаните по сите основи.
Просечната плата може и ќе биде на крајот од првиот мандат 30.000 денари во Македонија.
За да секое семејство со две просечни плати може да ги покрие сите животни трошоци.
Затоа што Македонија може да биде нормална земја!
Парите ќе ги враќаме назад кон граѓаните!
Бидете убедени дека можеме и дека ќе победиме на 11 декември!
За живот во Македонија!