Извадок од обраќање
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2
Куманово 27.11.2016
Дополнителен мотив на секој граѓанин и во Куманово и во Македонија е да направиме се и да се избориме за нашите млади да останат овде. Бабите и дедовците да имаат достоинствена старост ама внуците да ги гледаат овде во Македонија, а не преку интернет. Предвидуваме гарантирање на минималната плата на 12 000 денари во првите сто дена од формирањето на владата предводена од СДСМ. Предвидуваме просечна плата од 30 000 денари што би значело дека во едно семејство со двајца вработени буџет од илјада едва, да можат нормално да живеат, да можат да ги остварат сите потреби на семејството, да имаат егизстенција.
За сето ова да се исполни мора да направиме се да се врати правдата во Македонија, да има правда за сите граѓани. Да се напушти овој момнет на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, каде што правда има само за Груевски, Мијалков и нивните семејства. Сите останатите граѓани, но можат д аостварат права ниту во државните институции. Не можат д аостварат право во катастар. Сите нивни имоти се измешани и за тоа мора да плаќаат огромни пари. Најавувам дека државата, на сопствен трошок ќе ги исправи сите тие работи кои се погрешно направени, беаз да плаќаат граѓаните. Само на тој начин ќе се создаде праведно општество во Македонија.
За да има правда за сите мора да има независно судство. Затоа храбро најавуваме, генерален реизбор на сите судии, веднаш по формирање на новата влада на СДСМ. Оние кои суделе врз основа на закон повторно ќе имаат шанса да судат. Оние кои не суделе по закон, туку суделе по повикот на Груевски, ќе си одат дома и ќе одговараат за сето она што им го направиле на сите граѓани со лошите судски спорови.