Обраќање на градоначалникот Зоран Заев на завршниот настан на „Деновите на меѓуетничката интеграција“ во Струмица
Почитувани присутни, граѓани, ученици, родители, претставници на училиштата во Струмица, почитувани претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, спроведуван од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование,
Имаме со што да се гордееме.
Низ овој значаен проект и добрата меѓуучилишна соработка ги насочивме учениците, нашите деца на драгоцени вредности, на меѓусебно разбирање и почитување, на толеранција и соживот, на соработка и меѓусебна поддршка.
Овие деца, овие кои се денеска тука и стотици други низ училиштата во Струмица, како и илјадниците низ училиштата низ Македонија – тие се сегашноста и иднината на Македонија.
Ние овде во Струмица покажавме како од мали нозе се гради општество без поделби. Како од училишните клупи се создаваат генерации без предрасуди за нивната различност по верска, етничка основа или која било друга основа.
Бидејки сите тие поминуваат низ истите училишни радости и обврски, сите имаат потреба од мотив да учат и понатаму да придонесуваат за напредна и успешна Македонија во којашто секој ќе има свое место. Затоа секое дете ни е толку важно.
Затоа ни беше толку важно да покажеме дека можеме да учиме, живееме и работиме заедно.
Вака се гради општество на еднакви граѓани.
Ќе продолжиме да ги воспитуваме и образуваме учениците во духот на соживот и да бидеме пример како еднаквите права и можности отвораат заедничка иднина.
Струмица по многу нешта е пример во нашата татковина.
Овие деца се тој пример, како од темел се гради општество во кое има место за сите, како се гради иднина.
Благодарам