Овој предлог кој што е доставен од Комисијата за избори и именувања е сомнителен затоа што се предлага кандидат кој што веќе е пензиониран. Одлуката која што е објавена во Службен весник, а укажува на тоа дека господинот Кизов кој што е предложен работниот однос ќе му престане на 31.08.2016 година. На тој начин, заради навршувањето на 64 години старост, он нема да има можност да ја извршува во целиот свој мандат за член на Судскиот совет, рече пратеникот Бетијан Китев во однос на предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија