Популистичко е затоа што ова предлог законско решение се предлага сега, а неговата имплементација се вели дека ќе почне по излегување на Законот во Службен весник на Р.Македонија. Меѓутоа, она што не оди во прилог на имплементација на овој закон веднаш после донесувањето, е тоа што за тековната година не се предвидени никакви финансиски средства за имплементација на истиот. Планирате корекција на видот, тоа чини пари, а не се предвидени никакви средства. За следната година се предвидени 11 милиони денари, а 2017 година и после 2019 година по 3 милиони денари на годишно ниво. Ова претставува само начин на додворување на гласачите, рече пратеничката Јагода Шахпаска во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка;