fbpx

(Видео) Андонов: Миноски, овој ребаланс е една незгода за вас!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Овој ребаланс е една незгода за вас министре. Незгода затоа што доаѓа во лошо време, во една голема беспарица во државната каса, затоа што главната поента со која се влече овој ребаланс е издадената на нелегитимен начин еврообврзница од 450 милиони евра. И сето тоа само за да ги задоволите хировите. Овие 450 милиони евра од еврообврзницата нема да помогнат за да ги подобрат работите во државава. Во Република Македонија нема народ. Оваа власт успеа да исели над 400, 500 илјади млади, работно способни граѓани. Отидоа во странство да работат за гола егзистенција. Македонија годишно плаќа по 100 милиони евра камата! Огромна корупција владее во Република Македонија. Најмалку 5 милијарда евра се изнесени. Знаете ли 5 милијарди евра што значат за граѓаните на Република Македонија? По 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаме 200.000 граѓани во Република Македонија кои гладуваат. Тоа го кажува статистика, тоа го кажуваат и меѓународните институции. Ништо нема да кажете за оние 200 илјади граѓани кои живеат со по 50 денари на ден.

До каде и до кога ќе одите со овие задолжувања?, праша пратеникот Миле Андонов во однос на дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на 111 седница на Собранието на Р.Македонија

Последни вести