Ништо не ја намалува одговорноста на Ставрески зошто бил кумашин на Никола Груевски и министер за финансии во Владата на Република Македонија .Тој морал некогаш да превземе нешто за да ги спречи налудничавите идеи и проекти кои што тој ги исплаќал со пари на граѓаните.Треба да знаете дека министер за финансии ни доаѓа човек кој не само во пазарната инспекција остави проблеми, туку човек кој во УЈП за неговото директорување долгот, односно должниците кои што им должат на државата е 230 милиони евра, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на предлогот за избор на член на Владата на Република Македонија