Направивте систем на нереално оценување, бидејќи се оценуваат само 2 предмети со екстерното оценување. Со тој систем внесовте единици во сведителствата. Со тој систем внесовте страв, стрес на ученик, родител. Направивте систем со кој ќе ги уценувате и казнувате професорите, систем од типот на квиз проверка на знаења од кои корист имаат само слабите ученици. Прашањата се исти во изминатите 3 години. На последното тестирање половина во Република Македонија системот падна и учениците не можеа да го извршат екстерното тестирање, рече пратеничката Мира Стојчевска во однос на Информација за општите состојби во образованието во Република Македонија и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование