Со законот предлагаме оваа нафта за земјоделците да биде за 50% поевтина од постојната цена на нафтата. Значи ако денеска еден литар нафта дизел чини 41 денар, со нашиот предлог на закон земјоделците би можеле нафтата да ја купуваат по цена од 20.5 денари. Тоа би им овозможило поевтино да ја обработуваат земјоделската површина и да бидат конкурентни, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој