Бараме намалување на цената на нафтата која што ја користат земјоделците за 50%, можност за користење на земјоделците на т.н зелена нафта. Во земјоделието имаме различен пристап, како и во другите сегменти. Вашиот пристап во земјоделието има една и единствена карактеристика, а тоа е клиентелизмот. Единствена цел на СДСМ е со политиката во земјоделието, земјоделието да го направиме профитабилна гранка во која секој земјоделец ќе се чувствува достоинствен, рече пратеникот Сашо Поцков во однос на предлогот на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој