Целта на овој закон е воведување на мерка којашто обезбедува 50% поевтина нафта или гориво, за да им се помогне на земјоделските производители во времето кога ги обработуваат земјоделските површини. Со донесувањето на овој предлог закон ќе се постигне значителна конкурентност на македонските земјоделски производи, рече пратеникот Марјан Даскаловски во однос на предлогот на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој