Македонија не успева да ги искористи европските фондови, а овие се фондови за кои не плаќаме камати и ЕУ не очекува да ги вратиме назад. Во писмото на делегацијата на ЕК до потпретседателот на Влада пишува, индиректното управување со средствата не е модалитет кој што се подразбира по дифолт. Oва значи дека системот на трошење на европските пари во Македонија е речиси распаднат. Ништо нема да искористиме од европските пари, не се тоа кредити, туку грантови и можат да се искористат. Не дозволувајте само лакомоста и можноста за крадење на средствата да бидат мотивирачки фактор. Мислете малку на граѓаните, рече пратеничката Лидија Димова во однос на Предлог на закон за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за “Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД);