fbpx

Спасовски во беровско: Помина времето на Никола Груевски, доаѓаат демократски промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за информатичко општество денеска беа меѓу граѓаните на Берово и беровско.

Граѓаните од овој регион се пожалија на сиромаштијата, невработеноста, ниската социјалната помош и лошите услови во здравството. Граѓаните се разочарани од политиките на ВМРО-ДМНЕ и бараат промени за достоинствен и нормален живот.

– Со 6.000 денари пензија не можам да го дочекам крајот на месецот. Немам да им дадам ниту по 100 денари на моите деца, да излезат некаде. Оваа власт ни зеде се. Удираат по нас, обичните граѓани, за тие да се богатат и да се луксузираат, велат граѓаните.

Нема институции пред кога можеме да ја оствариме правдата. Постојано не вртат во круг. Социјалната помош ни ја укинуваат, состојбата со здравствениот систем е очајна. Кога одиме да ја бараме правдата, да се лечиме, тие не игнорираат и не не примаат. Мора да се промени оваа состојба. Мора сите да имаме еднакви права, револтирано зборуваат граѓаните од овој регион.

– 630 милиони евра можат да се потрошат на споменици, а за подобрување на здравствените услуги и установите не може, таква е логиката на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ кога ќе ја преземе одговорноста, ќе создадеме вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација. Социјалната помош ќе ја зголемиме за да ги извлечеме граѓаните од сиромаштија. Ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме ефтината струја. Ќе обезбедиме достоинствен и нормален живот за граѓаните, рече Спасовски.

– Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски е поминато, доаѓаат демократски промени. Ова зло, заеднички, да не дозволиме да се повтори никогаш повеќе. СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Секој оној, без разлика на политичката припадност, што сторил криминал, се збогатил на грбот на граѓаните ќе одговара. Законот мора да важи за сите и овде нема да има никаков компромис, дециден беше Спасовски.

 

 

 

 

 

 

 

Последни вести