За Финансискиот план на регулаторната комисија за енергетика пратеничката група на опозицијата ќе гласа против. Регулаторната комисија за енергетика не успеа да изгради свој авторитет и капацитет, рече пратеникот Маријанчо Николов во однос на Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година