Новогодишно обраќање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот
Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишното обраќање посочи дека годината што измина донесе изневерени надежи и очекувања за многумина. Филипче потенцираше дека новата Владата заборави на интересите на граѓаните за сметка на интересите на елитата.
„Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите. По шест месеци се живее полошо дури од времето на економските кризи кои се сега далеку зад нас. Ова е последица на негрижата за граѓаните, за жал, добивме Влада која се грижи за интересите на малкумина од елитата а ги заборава оние кои и ја дадоа довербата“, порача Филипе.
При тоа, Филипе нагласи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и ќе се бори за подобрување на животот на граѓаните.
„Нашата задача е јасна, да бидеме силен глас на граѓаните, глас кој ќе се бори за правда, за економска стабилност и за подобар живот за сите нас. СДСМ никогаш нема да го изгуби својот фокус – секој човек е важен, секој проблем е наш заеднички предизвик. Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси“, вели во новогодишното обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.