fbpx

Филипче: СДСМ денес е партија со нова енергија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Новогодишно обраќање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

Филипче: СДСМ денес е партија со нова енергија

2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист, и покрај сите потешкотии ние се зацврстивме и го треасиравме патот кон иднина исполнета со посветеност и работа за сите вас, порачапретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишното обраќање до граѓаните.

„Изборниот пораз не беше само предупредување, туку и поттик за нас да се смениме, да бидеме подобри и подостапни за секој граѓанин. Покажавме дека умееме да се соочиме со реалноста, да извлечеме поуки и да продолжиме со јасна визија. Денес, СДСМ е партија со нова енергија, со раководство кое е тука за да ги слушне вашите потреби и да понуди решенија“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче потенцираше дека Новата 2025 година ќе биде година на нови предизвици и можности, за кои СДСМ е подготвена.

„Заедно мора да се подготвиме за редовниот избор на претседател на партијата, кој ќе донесе уште поголемо единство и сила во нашите редови. Подготвени сме за локалните избори, каде што ќе понудиме силни кандидати кои ќе работат за вистински промени на локално ниво. Ќе продолжиме да бидеме конструктивна опозиција која нуди решенија, а не само критики. Но најважно од сè, ќе останеме гласот на народот, гласот на надежта, на борбата за држава во која секој човек ќе се чувствува горд што живее овде. 2025 година нека биде година на победи, нови надежи и посветена работа за подобро утре“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести